Пожар во Катланово, гори нискостеблеста шума

Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, пред неполн час избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стигијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.

-Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го зигансеме или локализираме, рече Симоновски.