Пожар во болница во Германија, едно лице загина, 22 повредени


Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а 22 лица се повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти денеска противпожарната служба.

Пожарот што избувна синоќа во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува Билд.

Пожарот што избувна на третиот кат брзо се проширил на неколку болнички соби, по што голем број лица биле евакуирани од болницата.

Во акцијата за спасување учествувале околу 140 пожарникари, се прецизира во соопштението.