Пожар во Битола, пронајдена почината 82-годишна жена


Почината жена вчера била пронајдена во опожарена куќа на улицата „Солунска“ во Битола.

Како што соопшти МВР,  на 1 мај во 09:55 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.