Пожар го затвори преминот „Богородица“ кон Грција

Високите температури предизвикаа пожари речиси низ цела Грција, а еден избувна и близу граничниот премин „Богородица“.
Македонското Министерство за внатрешни работи ги извести граѓаните дека поради пожарот кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку граничниот премин „Богородица“.
Грчките пожарникари се борат со огнот за да голокализираат и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
МВР апелира до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.