Повторно висок број починати – 32, а заболени 199


Во последните 24 часа намален е бројот на новозаболени – има 199 случаи на Ковид-19, од направени 2.558 тестирања. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 7,7 отсто. Но починале 32 лица, а оздравени се 556 пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, во Скопје се 157, во Куманово и Кавадарци има по 6, во Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар по 4, во Велес 3, во Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 2 и во Богданци 1.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од Скопје 164, Тетово 115, Струмица 50, Куманово 40, Гостивар 35, Штип 26, Кавадарци 20, Кичево 15, Битола 14, Велес 11, Дебар 10, Ресен и Пробиштип по 9, Валандово 8, Прилеп 7, Кочани 6, Кратово 5, Неготино и Радовиш по 4, Свети Николе 2, Виница и Богданци по 1.

Пријавени се 32 починато лице – 13 починати лица од Скопје (80, 76, 75, 72, 72, 69, 69, 64, 61, 57, 55, 45, 35), шест починати лица од Тетово (81, 78, 77, 69, 62, 53), 3 починати лица од Гостивар (83, 74, 68), две починати лица од Велес (72, 64) и по едно починато лице од Прилеп (80), Кавадарци (72), Охрид (77), Струмица (77), Струга (79), Свети Николе (57), Радовиш (49) и Делчево (71). Од нив 30 се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781.