Повторно висок број новозаразени во Хрватска

Националниот штаб објави нови податоци за корона вирусот во Хрватска, при што 219 се новорегистрирани и двајца починати пациенти.
Вкупно биле тестирани 2.231.
Во болница има 167 пациенти, од кои деветмина на респиратор.
Досега во Хрватска се заразија 8.530 лица, од кои 175 починаа, а 6.124 се опоравија.
Во самоизолација во моментот се 7.815 лица.
Тестирани се вкупно 154.159 лица, а од нив 1.977 во последните 24 часа.