Повторно уапсен Миле Јанакиески


Фото: Б. Грданоски
Утрово во голема акција на полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уапсен е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Се товари за нелегална продажба на државно земјиште.

Во акцијата уапсени се нотари, поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. Акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје.

„По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје“, велат од МВР.
Неофицијално уапсени се десетина лица, а по еден се трага. Уапсените во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.
Инаку, Миле Јанакиески, до сега беше во куќен притвор за случајот „27 април“, а судот покрај притворот му одреди и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот односно со другите осомничени во овој случај.