Повторно тешка сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, тројца повредени


Тројца се лесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, што се случи во четврток, информираат од тетовската полиција.
Сообраќајката се случи денеска околу 12.20 часот, а во неа учествуваа два автомобили марка „ауди А3“, што го управувала 23-годишна гостиварка и „БМВ“ управувано од 59-годишен гостиварец.
Повредените со амбулантно возило се пренесени во болницата во Гостивар.


Фотографија од сообраќајна несреќа беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“. На сликата се гледа дека автомобилот е уништен.
Ова е втора сообраќајна несреќа на автопатот, откако во вторникот во судир на две возила на патарината кај Тетово,  51-годишна жена го загуби животот, а тројца беа повредени.