Повторно „тепачка“ во „Лидл“ во Србија: Сега за свинска плешка од 200 денари (Видео)


 

Борба за поевтини пилиња, стоење во редици четири часа за чоколадо од 25 денари, грабање на поевтини банани, борба за евтин шеќер, се само дел од сцените кои се гледаа последните неколку години на маркетите ширум Србија. Последна „сцена на конфликт“ беше „Лидл“ во Лесковац.

Утринава имало „нова тажна ситуација“ снимена на камерата во супермаркетот „Лидл“ во Лесковац, кога муштериите, главно пензионери, се грабале за свинска плешка од 200 денари на распродажбата, па дури и почнале да си скокаат еден на друг, пренесува порталот„ Решетка“.

„Работата е што не само што беше евтина, туку постоеше огреничување на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку ‘добро’ всушност живееме“, коментира читателот кој го испрати видеото од грабежот.

Во второто видео, покрај генералниот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени купувачите се тепаат меѓу себе со чадори.

Неодамна љубителите на ќебапи направија хаос во неколку продавници на „Лидл“ во Србија, борејќи се да добијат пакувања по ниска цена.

Обединетите синдикати на Србија „Слога“ соопштија дека премиерката Ана Брнабиќ и Владата на Србија треба да поднесат оставки поради сериозната социјална нееднаквост, „евтин и мизерен живот“ што најдобро се илустрираше во ова.

„Настанот не е воопшто смешен или забавен, како што е прикажано на социјалните мрежи, туку сериозно предупредување дека оваа нација е подготвена да преземе очајнички мерки за да обезбеди храна по пониска цена, бидејќи таквиот гнев и очај ќе доведат до поголеми конфликти и насилство во иднина“, се наведува во соопштението.