Повторно судири помеѓу полицијата и младите во предградијата на Париз


Во три предградија на Париз синоќа повторно избија судири помеѓу групи млади лица и полицијата.

Судири се регистрирани во предградијата Вилнев ла Грен, Нантер и Клиши.

На социјалните мрежи објавени се фотографии на кои се гледа како група млади лица фрлаат петарди и други пиротехнички средства врз полицајците и запалија неколку автомобили.

Судирите почнаа за време на викендот кога мотоциклист беше повреден при судар со необележано полициско возило.