Повторно скок на бројот заразени во Србија – денеска 1.484


 

Во Србија, според последните податоци регистрирани се уште 1.484 случаи со корона вирус, а од последиците на заразата починале три лица. Бројот заболени расте, ако се знае дека вчера беа регистрирани близу 1.300 новозаболени.

На респиратор се 26 пациенти, а во болница се лекуваат 879 луѓе.

Денеска се направени 13.695 тестови.

Досега од Ковид-19 во Србија починаа 7.177 лица, а процентот на смртност изнесува 0,98.

Од почетокот на пандемијата во Србија се теситрани 4.845.253 примероци, а вирусот е потврден кај 734.816 лица.