Повторно прогласена состојба на епидемија на цела територија на Црна Гора

 

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора прогласи епидемија на цела територија, на предлог на Институтот за јавно здравје, откако денеска беа регистрирани 98 нови случаи од Ковид-19.

Од утре важат нови привремени мерки, како задолжително носење маски на отворено и затворено, а обврската се однесува на сите постари од седум години.

Маските не се задолжителни на плажа и во национални паркови, под услов држење физичка дистанца.

СОбирите се ограничуваат на 40 луѓе на отворено и 20 на затворено, со задолжителна дистанца од два метра.

Заради исклучително висок епидемиолошки ризик мерките се продолжени до 6 август.

До 30 јули пак се применува мерката за забрането одржување забавно-музички настани во угостителски објекти и прекин на работата на социјално-лекарските комисии.