Повторно повеќе од 200 новозаразени во Хрватска


 

Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 232 новозаразени лица, а четири пациенти починаа, соопшти националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи е 1.200.

Од нив 266 пацинти се во болница, а 24 на респиратори.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска од корона вирус се разболеа 15.572, а 261 починаа. Оздравеа 14.111 пациенти.