Повторно пораст на заразени – нови 36 случаи на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Инаку Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

– Скопје 6
– Куманово 2
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Македонски Брод 1
– Пехчево 1
– Виница 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 538, активни 131
       Куманово – 408, активни 63
       Дебар – 51,
       Штип-35, активни 2
       Прилеп –173, активни 65
       Тетово – 108, активни 53
       Струга – 67, активни 16
       Велес – 107, активни 51
       Битола –22, активни 3
       Охрид –15, активни 9
       Кавадарци – 5, активни 1
       Гостивар –18, активни 4
       Гевгелија – 4,
       Струмица – 2,
       Крива Паланка- 6, активни 2
       Радовиш – 4,
       Крушево – 3,
       Кочани – 31, активни 5
       Пробиштип – 2,
       Кичево – 2, активни 1
       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
       Демир Хисар – 1,
       Македонски Брод – 2,
       Пехчево- 3, активни 2
       Делчево-1, активни 1
       Валандово -1, активни 1
       Виница – 2,
       Кратово-1, активни 1
       Берово-1, активни 1

Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен факултет -13, Авицена –14, Биотек -42, Клиника „Жан Митрев“ –48, Систина со PCR метода  -27 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани се 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се тројца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти сомнителни на Ковид, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани  пет пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.