Повторно оштетен е виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид


Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид.

Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме, се вели во соопштението на полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Виртуелниот споменик на Прличев беше оштетен и само два дена по неговото поставување, при што тогаш се обиделе да го украдат комјутерот. Тој беше поправен, а летово туристите имаа можност да „поразговараат3 со Прличев.