Повторно нападната малолетничка во Аеродром, друга снимала


Во СВР Скопје е пријавено дека малолетничка била физички нападната на подрачјето на општина Аеродром, додека друга малолетничка го снимала настанот со мобилен телефон.

Според МВР, на 5 октомври во 10 часот Б.Р. (55) пријавил дека на 2 октомври неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Во текот на настанот, друга малолетничка го снимала нападот со мобилен телефон.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.