Повторно големи бројки со Ковид-19: 191 нови инфекции и тројца починати


Фото: Б. Грданоски

Бројот на инфицираните од корона вирусот не се намалува – веќе извесно време секојдневно тој се движи околу 200. Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа има регистрирани 191 нови случаи од 1.350 тестирања, што значи дека процентот на позитивни е 14. Оздравени се 77 лица, а починаа тројца. Со тоа бројот на активни случаи изнесува 2.693.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 96, по што следат Кочани и Тетово со по 15, Прилеп – 13, Штип, Струмица и Виница со по пет, Куманово, Гостивар, Гевгелија и Берово со по четири, Битола – 3, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Свети Николе, Валандово, Кичево и Ресен со по два и Велес, Кавадарци, Пехчево и Неготино по еден нов случај.

Меѓу оздравените 77 пациенти најмногу има од Скопје – 19, потоа Куманово – 9, Штип – 3, Тетово – 3, Струга – 6, Охрид – 5, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Гевгелија – 2, Струмица – 2, Кочани – 14, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 2, Валандово – 2, Делчево – 1 и Свети Николе – 1.

Сите торица починати пациенти умреле во болнички услови:  81- годишен пациент од Скопје, еден 67-годишен пациент од Кичево и еден 77-годишен пациент од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, а на починати е 756.

Дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 7.386, активни 966; Куманово 1.799, активни 181; Дебар 287, активни 32; Штип 1.280, активни 62; Прилеп 722, активни 147; Тетово 1.487, активни 161; Струга 685, активни 43; Велес 338, активни 32; Битола 331, активни 76; Охрид 437, активни 32; Кавадарци 252, активни 47; Гостивар 947, активни 84; Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани); Струмица 298, активни 181; Крива Паланка 124, активни 38; Радовиш 101, активни 37; Крушево 20, активни 1; Кочани 417, активни 183; Пробиштип 117, активни 19; Демир Хисар 62, активни 2; Македонски Брод 93, активни 5; Пехчево 46, активни 4; Берово 126, активни 48; Валандово 46, активни 31; Виница 124, активни 35; Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица); Кратово 26, активни 2; Свети Николе 373, активни 59; Кичево 334, активни 35; Ресен 166, активни 8; Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  едно дете и една мајка позитивни на ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се два, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска се во Чаир – 64, Гази Баба – 108, Аеродром – 170, Карпош – 138, Центар – 158, Кисела Вода – 112, Ѓорче Петров – 68, Бутел – 38, Шуто Оризари – 18, Студеничани – 9, Сарај – 16, Арачиново – 5, Илинден – 34, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 7, Зелениково – 3 и 10 странци.