Повторно експлозија во Холандија, трета за два дена


Холандија– Уште еден супермаркет, трет по ред за два дена, денеска е оштетен во експлозија во холандскиот град Бевервијк,во близина на Амстердам.

Во експлозијата никој не е повреден, а според холандските медиуми супермаркетот е во сопственост на лицето кое е сопственик на вчера опожарениот супермаркет во Алсмер. Сопственикот е од курдско потекло.

Два супермаркета во Холандија вчера се оштетни од експлозии, но во инцидентите никој не е повреден.

Се уште не е познат мотивот за нападите.