Повторно дојави за поставени бомби во училишта

Во средното училиште „Владо Тасевски“, попладнево има дојава за поставени бомби. Учениците и вработените се евакуираат.
Како што коментираат вработени во училиштето, досега се покажало дека дојавите за бомби се секогаш за истите, односно кога овие ученици се прва смена, дојавите се наутро, а кога се втора смена, дојавите се попладне.
Заканите со поставени бомби во училиштата, особено во средните во Скопје, а од минатата недела и во основните, се случуваат веќе три месеци, два до три пати неделно.
Полицијата и надлежните сѐ уште немаат решение за проблемот, иако тврдат дека сѐ укажува на хибридна војна, без реална закана.
Досега сите дојави, за среќа се покажаа лажни.
-Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.