Повредените во сообраќајката кај Ласкарци нема да плаќаат партиципација за здравствено осигурување


Повредените патници во сообраќајната несреќа кај Ласкарци ќе бидат ослободени од плаќање партиципација при користењето на здравствени услуги, одлучи денеска Владата на редовна седница.

Одлуката, како што стои во соопштението од Владата, е донесена во знак на солидарност и сочувство со семејствата на починатите и повредените во сообраќајната несреќа.