Повредени две жени во две одделни сообраќајки


Илустрација
Во две одделни сообраќајни незгоди што се случиле во Кумановско и во Гостивар, повредени се две жени, од кои едната сопатничка, а едната пешак, соопшти МВР.
Имено, во неделата во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од село Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.Н.(20) од село Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Истиот ден, во 22.30 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(51) од Гостивар, удрило во Н.Н.(65) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н. и била пренесена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.