Повредени две млади лица во сообраќајка во Росоман


Двајца млади се тешко повредени при судир на мицубиши и мотоцикл синоќа околу 19 часот во Росоман.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу возилото „мицубиши пајеро со кумановски регистарски броеви  управувано од С.Љ.(48) од Куманово и мотоцикл „хамачи без регистарски броеви  управувано од М.Ѓ. (19) од Росоман. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле  возачот на моторцикалот и четиринаесетгодишниот сопатник на моторциклот, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 
Повредените лица се пренесени во болницата во Кавадарци, од каде повредениот сопатник на мотоциклот е упатен на лекување во комплексот  клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.