Повредена жена во фабрика во Кавадарци


Жена на возраст од триесетина години била повредена попладнево во фабрика во Кавадарци. Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Увидот во фабриката е во тек. Според првичните информации, станува збор за повреда на раката. Засега не можеме да кажеме повеќе детали, нагласи Додевски.