Повреден жител на Велес, му експлодирала плинска инсталација


Фото; Б. Грданоски

 

Жител на Велес на возраст од 48 години ноќеска на полноќ се здобил со повреди, откако неисправна плинска инсталација му експлодирала во домот, соопшти полицијата.

Имено, во неделата, нешто по полноќ, во СВР Велес било пријавено дека во станот на К.Б.(48), на ул.„Христо Татарчев“ во Велес, настанала експлозија од неисправна плинска инсталација. Притоа, предизвикана е материјална штета во станот, зградата и паркираните возила пред зградата, а сопственикот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.