Повратот на ДДВ ќе се зголеми на 800 денари


 Зголемување и поврат на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари, повисоки плати и нови работни места се дел од проектите кои денеска на средба со граѓаните на Катланово ги претстави Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСм и Коалицијата „Можеме“ ИЕ 3.
– Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари. Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија, рече Николовски.
Николовски најави дека имаат план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, и просечна плата до 34.000 денари, но и зголемување и на пензиите.
Тој рече дека до крајот на мандатот ќе ја вратат нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти.