Повик за изработка на лого за 30-годишнината од дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија


Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија со задоволство ве поканува да придонесете
со вашите иновативни идеи на конкурс за дизајн на лого за прослава на 30-годишнината од
воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Северна
Македонија .

Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа
на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Северна
Македонија да создадат заедно со Амбасадата на Јапонија дизајн кој ќе ја долови суштината
на овој многу важен пресврт во односите помеѓу нашите две земји.

Концептуалното решение треба графички и симболично да го покаже пријателството помеѓу
двете земји и заедничките вредности кои ги споделуваме. Треба да има можност да се
користи на печатени документи и брошури, како и на веб-сајтови и социјални медиуми.
Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со
значење. Изборот ќе биде направен од претставници на јапонската амбасада во Северна
Македонија.

Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија. Концепт решенијата
се поднесуваат на email адресата [email protected], не подоцна од 20 октомври 2023
година (полноќ). Покрај концептуалното решение, неопходно е да се наведат податоци за
креаторот – име и презиме, телефонски број за контакт.

Ве молиме да вклучите краток опис на вашиот дизајн и инспирација кога го поднесувате
вашиот предлог.
Основни технички барања:
– Графички предлог за лого и неговите предложени употреби (Логото треба да биде во
векторски формат.)
– Независно авторство на сите елементи – ако се користат дополнителни елементи, тие, исто
така, треба да бидат поднесени како посебни графички елементи.
Ако фајлот надминува 10MB треба да користите надворешен линк за преземање.
Препорачани графички формати: .pdf .ai, .png

Со поднесувањето на вашиот дизајн, вие се согласувате авторските права на победничкиот
дизајн да се префрлат на Амбасадата на Јапонија, овозможувајќи ни да го користиме,
измениме и дистрибуираме логото за промотивни и славенички цели.
Доколку имате некои прашања пишете на: [email protected]