Повик за избор на автор на домашна порака по повод Светскиот ден на театарот
Екипата на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“ денеска објави повик за избор на автор на домашна порака, по повод Светскиот ден на театарот – 27 март.
Повикот е до театарската заедница во државата – театри, драмски академии, фестивали, организации/независна сцена да предложат театарски уметници, а натамошниот избор-селекција ќе го врши Програмскиот одбор на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“.
-Секоја институција, организација е поканета да предложи по еден театарски уметник – актери, режисери, драмски автори, драматурзи, театролози, костимографи, сценографи со име и презиме, фотографија и кратка биографија на предложениот уметник, соопштија од Македонскиот центар.
Предлозите треба да се испратат на мејл адресата „macedoniancenterofiti@gmail. com“, со назнака „За Светскиот ден на театарот 2022“, најдоцна до 15 јануари 2022 година.