Повелбата „Зоран Радмиловиќ“ за Јордан Плевнеш

Повелбата му беше врачена во Театарскиот музеј на Зајечар пред бројната публика и гости на Фестивалот од повеќе балкански и европски земји.
Со пригодна беседа одлуката на Уметничкиот совет ја соопшти Претседателот на Фестивалот Владимир Ѓуричиќ, а за творештвото на Плевнеш зборуваше Бора Драшковиќ, театарски и филмски режисер со меѓународно реноме. Драшковиќ истакна дека делото на Плевнеш, кое е објавено и изведувано на голем број светски сцени, колку што и припаѓа на македонската култура, толку е и дел од балканската, европската и светската култура.

На крајот се обрати лауреатот Плевнеш, кој истакна дека ова признание со името на Зоран Радмиловиќ ја остварува неговата мисла дека “Уметноста е единствениот бастион кој што може да го спаси светот, во ова време на општа безнадежност што владее на планетата, во која секојдневно се уништува и последниот атом на човечката надеж!“.