Повеќето возачи прават грешка која што го уништува автомобилот


Зa автомобилот ни е важно да е доверлива машина која ќе не доведе до целта, но освен за време на сервисот, малку внимаваме на неговото зачувување.

На пример, кога менуваме брзини, повеќето луѓе не размислуваат за тоа што се случува во рачниот менувач.

Но, секогаш кога менувате брзина, вилушката за менување во внатрешноста на менувачот доаѓа во контакт со ротирачките делови за избор на брзина. Кога автомобилот е во мирување, или кога се вози помеѓу менување брзини, повеќето луѓе имаат навика „да ја потпираат раката“ на менувачот.

За многумина тоа е идеално место за одмор на раката, но во никој случај не е добра работа, советуваат експертите.

Така, вилушката на менувачот врши дополнителен притисок врз механичките делови и брзините во системот за пренос на автомобилот. Оваа сила може да го оштети преносот, затоа избегнувајте ја оваа навика. Затоа, не држете ја раката на менувачот, туку посегнувајте по него само кога менувате брзини.

Дополнително, уште една лоша навика е да го оставите автомобилот во брзина додека стоите во место и да ги држите педалите на куплунгот и на сопирачката. Исто така, му штети на автомобилот бидејќи пружината во спојката не е дизајнирана да издржи таква сила долго и може многу побрзо да се истроши, односно да се скрши.

Секогаш кога треба да го запрете автомобилот, ставете го менувачот надвор од брзина и затегнете ја сопирачката. Ова е најдобриот начин за зачувување на спојката.

Сличен ефект има и да ја држите ногата на педалата на куплунгот иако автомобилот се движи. Таквото „одморување на ногата“ на спојката е непотребно бидејќи постои можност дополнително да извршите притисок врз механичките делови на менувачот, односно на менувачот на мотор кој не е со иста брзина како спојката од страната на менувачот на кој е поврзан. Има одредено место за левата нога, затоа не двоумете се и одморете се на одреденото место.