Повеќето погрешно го подготвуваат кромидот: Еден вид е најдобар за динстање, а еве кој е најубав да се јаде свеж
Кромидот е незаменлива храна на домашната трпеза, без која не можат да се замислат повеќето јадења. Ако мислевте дека сите видови кромид што постојат се исти и дека нема разлика освен по изглед, се лажете. Секој од нив има малку поинаков вкус и одлично оди со различни видови јадења.
Ако имате навика да купувате кој било кромид што ќе го сретнете во продавница, дознајте подолу како најдобро да го искористите за да му даде на вашето јадење посебен вкус.
Жолт кромид
Традиционалниот жолт кромид, попознат како црн, кој е и најзастапен кај нас, има најсилен вкус од останатите видови. За повеќето јадења, жолтиот кромид е најдобар избор, особено ако сакате да пробате карамелизирање, бидејќи овој кромид содржи многу природни шеќери. Исто така, кога ќе се динста, на јадењето му го дава тој препознатлив сладок вкус. Одличен е за подготовка на различни видови чорби, како грав, грашок, боранија…
Црвен кромид
Црвениот кромид има најдобар вкус кога се јаде свеж. Затоа овој вид е најдобар со салата или како додаток на сендвичи и хамбургери. Овој тип на кромид има помалку шеќер од жолтиот кромид и содржи антиоксиданси кои помагаат во спречување на рак.
Сребрењак
Ако барате малку покрцкава и помалку зачинета верзија, сребрениот кромид е најдобриот избор. Овој кромид користете го во јадења каде што сакате малку повеќе текстура, бидејќи останува цврст и крцкав кога се готви. Најдобро е за сатари или разни видови гулаш.
Праз
Празот се карактеризира со долги стебленца, но има изразен „лут“ мирис на кромид. Прилично е „груб“ кога е суров, но кога е сварен е многу нежен, како благ кромид, но со белег на сладост. Зелените, лиснати делови се прилично цврсти и бараат малку подолга термичка обработка. Најдобро се користи за подготовка на чорби и супи, додека долниот дел може да се задуши и да се додаде во речиси секое јадење.