Повеќе тепачки низ Македонија, најмногу меѓу малолетници


Повеќе тепачки се регистрирани во полицискиот билтен од последното деноноќие на територијата на цела држава, а најмногу се оние каде натепани се малолетници.

Вчера, околу 12.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во средно училиште во Виница малолетник од Виница физички нападнал малолетничка, исто така, од Виница.

Во 21.12 часот во ОВР Крушево, Т.П.(40) од с.Свето Митрани, крушевско, пријавил дека во 20.30 часот во с.Свето Митрани неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници од селото. Се работи на расчистување на случајот.

Истата ноќ, во СВР Велес, С.Д.(55) од Велес пријавил дека околу 22 часот на ул.„Ј.Џурнов“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Во петокот, во 21.50 часот во СВР Скопје, Н.Д.(36) од Скопје пријавил дека околу 21.15 часот во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ бил физички нападнат со остар предмет од едно лице, кое претходно имало недоразбирање со неговиот брат.

Во СВР Скопје, Љ.Л.(61) од Скопје пријавил дека во 22 часот на ул.„Наум Чакаров“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од соседот Р.Д.(30) од Скопје.

Во саботата, во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кадињача“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Х.(60) и М.Х.(66), двајцата од Скопје, поради нерасчистени имотно правни односи.

Во 00.15 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Д.Г.(20) од с.Кривогаштани пријавил дека во 00.05 часот во угостителски објект во с.Кривогаштани бил физички нападнат од А.С. од с.Кривогаштани, кој притоа употребил и стаклен предмет.

Во 23.55 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.М.(34) од Крива Паланка, пријавил дека Н.В. и Д.В. од Крива Паланка, физички го нападнале во неговиот угостителски објект и оштетиле дел од инвентарот.

Во Полициското одделение Кривогаштани, З.Ч. од с.Кривогаштани пријавил дека околу 15.50 часот во с.Кривогаштани бил физички нападнат од Ф.Ч..