Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор во светот се во опасност поради развојот на вештачката интелигенција

Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор ширум светот би можеле да бидат во опасност поради развојот на вештачката интелигенција, според студија објавена денеска од консултантската фирма „Роланд Бергер“.
Анализата, спроведена врз основа на класификацијата на Меѓународната организација на трудот и 450 различни занимања во јавниот сектор, вклучувала вкупно 351 милион работни места.
Резултатите покажуваат дека 36 проценти од вработените ширум светот би можеле да доживеат длабоки промени поради примената на технологиите за вештачка интелигенција, што ќе влијае на 125 милиони работни места со полно работно време.
Во документот се наведува дека 22 проценти од работните места би можеле да се надградат, што значи дека вештачката интелигенција би преземала одредени задачи, додека на вработените би им биле дадени нови функции. Ова особено се однесува на администрацијата, јавните финансии и образованието.
Приближно 7,5 проценти од работните места во јавниот сектор би можеле да бидат целосно автоматизирани, а најранливи се вработените во администрацијата или во кол-центрите, каде што задачите се поедноставни и полесни за замена со вештачка интелигенција, според француската телевизија БФМ.