Повеќе од 80 држави побарале финансиска помош од ММФ


Повеќе од 80 држави побарале финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд за борба против пандемијата со новиот коронавирус, во висина од над 20 милијарди долари.

Поголемиот број барања за финансиска помош се од земјите со мали приходи, мали држави и земји во развој.

Од ММФ потенцираат и дека иницијативата за стопирање на плаќањата на долговите поради пандемијата со Ковид-19 не значи и отпишување на долгот.