Повеќе од 700 новозаразени во Косово, 19 починаа


 

Во Косово во последните 24 часа регистрирани се 711 новозаразени од корона вирус, додека од последиците о заразата починаа 19 пациенти.

Како што е наведено во објавата на официјалната Фејсбук страница, тестирани се 1.633 лица, а во моментот активни се 12.191 случаи.

Најголемиот број новозалолени се од Приштина.

Од почетокот на пандемијата вкупно се потврдени 33.588 позитивни случаи, а тестирани се 159.535.

Вкупно оздравеле 20.493 пациенти, а починаа 904 лица.