Повеќе од 600 починати денеска во Велика Британија


Во Велика Британија денеска од корона вирус починаа 621 лице со што вкупниот број жртви се искачи на 28.131.

„За жал од позитивните на корона вирус починаа 28.131 лице“, рече министерот Роберт Џеник на конференција за новинарите.

Заразени се уште 4.806 луѓе со што вкупно заболени се 182.260, пренесе Ројтерс.

Во Британија на корона вирус тестирани се повеќе од милион луѓе.