Повеќе од 50 оздравени здравствени работници се вратија на работа во болницата Куманово


Од 70 заболени здравствени работници во болницата во Куманово, повеќе од 50 се веќе оздравени и се вратени на работа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека од 235 заболени здравствени работници 184 се оздравени и голем дел се вратени на своите работни места што овозможи повеќе институции каде работата беше успорена, компромитирана или целосно не функционираа полека да се вратат во нормала.

Така, функционираат беспрекорно Детската клиника, како и болницата во Куманово, соопшти Филипче.

Министерот рече дека со помош на Градот Скопје со асфалтирањето на улиците се привршува организираниот проток на возила. Дополнително, по 50 години отворени се два нови влеза во Клиниката. Односно, еден кој ќе води директно до Ургентниот центар и еден кај Инфективната клиника.