Вкупно 177 позитивни случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие


Фото: Б. Грданоски

Во изминатото деноноќие во земјава се потврдени 177 позитивни случаи на лица заболени од Ковид-19, потврдија од Институтот за јавно здравје за МИА.Резултатот е добиен по изработени 1.245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789, а на починати 149.

Распореден по градови бројот на новозаболени е следен:

Скопје – 105
Куманово – 26
Штип – 15
Тетово – 13
Гостивар – 8
Гевгелија – 2
Дебар – 1
Струга – 1
Велес -1
Битола – 1
Охрид – 1
Валандово – 1
Св. Николе – 1
Неготино – 1

Министерството за здравство неколкупати повикуваше да не се објавуваат предвремено неофицијални бројки, туку да се почека на официјалниот извештај, сепак, во деновите кога имаме зголемување на бројот новозаболени, постојано се шпекулира со бројки. Сепак, тие се покажуваат приближно точни, со разлика од десетина случаи.

Поради зголемувањето на бројот на нови случаи особено во Скопје, во неколку скопски општини, Владата одлучи овој празничен викенд главниот град да биде во целосен карантин од синоќа во 21 часот, до понеделник во 5 часот наутро.

Вчера пак, пред да почне полицискиот час, на патарините надвор од Скопје беше забележан метеж од возила, а се калкулира со бројка од околу 20.000 автомобили кои го напуштиле главниот град за продолжениот викенд. Сега, се стравува дека корона вирусот повторно ќе се рашири по градовите каде со денови немаше ов случај. Останува да видиме.