Повеќе од 14 часа чекале во ред за храна во Јужна Африка


 

Повеќе од 1.000 луѓе денеска со часови стоеја во ред во јужноафриканскиот град Олиевентбус чекајчи храна што се делеше.

АП пренесе дека таа слика со денови се пренесува во една од неразвиените држави на светот додека добротворни организации делат основни пакувања со храна за сиромашните населби погодени со мерките за спречување на ковид-19.

Социјалното дистанцирање не се почитува во редот, па многумина ги ширеа рацете за да одржуваат раздалеченост.

Некои чекале и повеќе од 14 часа, пренесе агенцијата.

Јужна Африка има најмногу случаи со ковид 19 во Африка, повеќе од 5.900.