Повеќе лица повредени при експлозија во јужна Шведска


Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска денеска се одекна експлозија при што се повредени повеќемина.

На местото на инцидентот се наоѓаат 20 амбулантни возила и припадници на единицата за детонирање.

Според Шведското радио експлозијата оштетила прозорци и тераси на една петкатница, а штета претрпеле и зградите во близина.

Сѐ уште не е позната причината за експлозијата.