Повеќе кинески отколку мексикански мигранти ја минувата американската граница кај Сан Диего


Од октомври минатата година, граничната полиција евидентирала дека 21.000 кинески мигранти во близина на градот Сан Диего влегле во САД.

Во исто време, околу 18.700 мигранти од соседно Мексико ја преминале границата со САД, пишува „Њујорк пост“, повикувајќи се на податоци од Царината и граничната заштита.

Бројот на кинески државјани кои ја преминале американската граница во близина на Сан Диего е втор по големина по бројот на Колумбијци кои влегле во САД.

Податоците укажуваат на тренд декај кинеските државјани во се поголем број се обидуваат да избегаат од својата земја и илегално да влезат во САД, пишува весникот.