Повеќе Американци ќе умрат од корона вирус отколку во Виетнамската војна


Во САД до сега од ковид-19 починаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците на институтот „Џон Хопкинс“.
Дури и со претпоставка дека епидемијата во таа земја веќе го достигнала врвот, многу е можно во следните неколку недели вкупниот број на починати да надмине 58.000, колку што Американци загинаа во текот на Виетнамската војна, наведува Си-ен-ен.
Бројот на оние кои во САД умреа од ковид-19 веќе далеку го надмина бројот на загинати Американци во Корејската војна, односно 35.000, исто така наведува Си-ен-ен.