Потврдено: „Ист Гејт Мол“ се отвора во октомври


Она што некогаш беше прашање и само желба, сега е нова станица во градот. До официјалното запознавање на „новиот центар“ во центарот на градот Скопје, Ист Гејт Мол и посетителите ги делат само недели. Догледно е подигањето на завесата која конечно ќе ни ја открие таа грандиозност за која зборуваме и нетрпеливо ја очекуваме. Градот се подготвува за новиот модерен центар сместен во срцето на Скопје, и ќе нè потсети на возбудата за нашето омилено место, ќе ни открие нови стоп-станици.

Менаџментот на „Ист Гејт Мол“, официјално го најави отворањето за тековниот месец октомври, ден кога не само дел од градот туку целото Скопје ќе блесне и ќе ги почувствува светските шопинг-вибрации. Нешто ново, повеќе тренди, повеќе светски. Со 250 брендови на четири ката, Ист Гејт Мол ни ги приближува сите светски новости преку шаренилото од бои, вкусови, моќни комбинации на удобно, убаво и свежо. Загарантирано и на прв поглед ќе се вљубите во низата шармантни, специјализирани продавници, брендови, содржини, забава и услуги. Ист Гејт Мол носи новости со одличен избор на ресторани и продавници за храна, кои ќе нудат извонредни менија што ќе ги задоволат дури и оние перфекционисти и гурмани со истенчен вкус.

Извршниот директор на „Скопје Ист Гејт“ Игор Давков рече дека ова е посебен ден за компанијата и за групацијата „Балфин“, главниот „виновник“ за реализирање на овој светски проект.

– Едноставно со голема радост го исчекуваме отворањето на „Ист Гејт Мол“. Го прошируваме пазарот со нови понуди, услуги, нудиме врвен квалитет, но со тоа доаѓа и огромната одговорност. Го носиме шаренилото од светски трендови тука на неколку илјади метри квадратни површина. Предизвиците и очекувањата се големи. Нашата приказна е осмислена за да понуди ново искуство на кое постојано ќе се навраќате – рече Давков.

(ПР текст)