Потврден настапот на Ѓоковиќ во Тел Авив


Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на терените на крајот од идниот месец кога ќе настапи на АТП турнирот во Тел Авив, што е на програмата од 26 септември до 2 октомври.

Турнирот во најголемиот израелски град се враќа во АТП календарот првпат од 1996 година кога првата титула ја освои Шпанецот, Хавиер Санчез.

Србинот Ѓоковиќ, кој во кариерата има освоено 21 грен – слем титула, нема да настапи на УС Опен, кој започнува денеска во Њујорк, откако американските власти му забранија влез во земјата бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Ѓоковиќ нема настап на тениските турнири откако на средина од минатиот месец по седми пат во кариерата го освои Вимблдон.