Потоп на акциите на компаниите кои работат со Русија, некои паднаа за над 77 отсто


Акциите на компаниите изложени на работењето со Русија се под најголем притисок од продажба на европските пазари откако руските сили започнаа инвазија на Украина.
Меѓу најтешко погодените се акциите на рударските компании Полиметал и Евраз, полските компании ЛПП, Рајфајзен и ОТП банка, како и германскиот трговец со енергија Унипер. Нивните акции паднаа меѓу 10 и 36 отсто.
Акциите на двете најголеми руски компании по пазарна вредност, Сбербанк и Гаспром, кои котираат на лондонската берза, паднаа за цели 77 отсто и 42 отсто во тргувањето утринава пред да надоместат одредени загуби. Пошироката европска берза падна за 3 отсто.
Американскиот претседател Џо Бајден вети „строги санкции“ како одговор на најголемиот напад од една земја врз друга во Европа од Втората светска војна, и рече дека ќе се сретне со лидерите на Г7 рано во четврток.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, исто така вети најстроги финансиски санкции што блокот некогаш ги вовел. Бајден, кој ја организираше почетната рунда на западни санкции оваа недела против руските олигарси, финансиските институции и извозниците, рече дека Москва ќе плати висока цена поради постојната агресија.