Постојано стигнуваат нови пациенти со Ковид-19 во болниците


Фото: Б. Грданоски

Денеска во болница од Ковид-19 се лекуваат 888 пациенти, што е за 43 повеќе од вчера, кога беа хоспитализирани 843 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 131 пациенти, немапациенти на механичка вентилација.

Нашиот фотограф Борис Грданоски сведочи дека постојано се носат нови пациенти со амбулантни возила.

Тоа може да се види и од неговите денешни фотографии од Инфективната клиника во Скопје.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19.