Поставени висококвалитетни прочистувачи на воздух во детските градинки во Аеродром

За побезбедна и поздрава средина на најмалите, во сите детски градинки во Аеродром („Срничка“, „Калинка“, „Црвенкапа“, „Лале“, „Чекорче“, „Бамби“, „Буба Мара“, „Пчелка“ 1 и 2 и „Лавче“) поставени се прочистувачи на воздух со највисоки стандарди на заштита.
Општина Аеродром прочистувачите за градинките ги доби како донација од Владата на Република Македонија, информираше утрово градоначалникот на општината Дејан Митески.
Овие уреди користат H14 HEPA филтри кои задржуваат над 99.995% од вирусите, бактериите и другите микроорганизми, овозможувајќи квалитет на воздух каков што има во стерилни простории. Дополнително, имаат и префилтер со активен јаглен кој ја намалува непријатната миризба, озонот, NO₂ и VOCs. Со капацитет за проток на воздух од 2.500 m³/h, обезбедуваат околу пет разменувања на воздух на час.
„Наш приоритет е здравјето на децата, затоа вложуваме во најсовремена технологија за чист и свеж воздух во градинките“, истакна Митески.