Последното деноноќие починаа 17 лица од корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.467 тестирања, регистрирани се 498 нови случаи на Kовид-19, што претставува 20 отсто. Починаа 17 лица: шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67), двајца од Куманово (62 и 58), еден од Прилеп (78), еден од Тетово (59), еден од Струга (81), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81), еден од Охрид (69), еден од Крушево (54) и еден пациент од Неготино (60). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Новите позитивни случаи според градови: Скопје 246, Куманово 30, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 34, Тетово 19, Струга 15, Велес 5, Битола 10, Охрид 21, Кавадарци 14, Гостивар 19, Гевгелија 12, Струмица 8, Крива Паланка 9, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 7, Пробиштип 1, Македонски Брод 4, Пехчево 4, Берово 2, Валандово 3, Делчево 1, Свети Николе 1, Кичево 7 и Неготино 12. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од кои најмногу во Скопје – 194.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.301, бројката на оздравени пациенти е 60.256, на починати е 2.473, а бројот на активни случаи изнесува 19.572.