Последната епизода на „Игра на тронови“-најтвитувана во ТВ историјата


САД- Последната епизода од култната серија „Игра на тронови“ постави рекорд – стана најтвитуваната во телевизиската историја.

Серијата „Долга ноќ“, во која се одржа епската битка за „Винтерфел“, се споменува повеќе од 7,8 милиони пати во социјалната мрежа. Сепак, вклучени се само твитови кои можат да се најдат поклучен збор или хаштаг, што значи дека конечниот број веројатно е многу поголем.

„Долга ноќ“ беше најдебатираната и најочекувана епизода од серијата. Епизодата ја проследи битката за „Винтерфел“, замокот на кланот Старк. Серијата беше исто така најдолгата во историјата на „Игра на тронови“ – 82 минути.

На второ место на листата за најтвитувана повторно е „Игра на тронови“ со премиерната епизода на последната сезона, кој собра над 5 милиони твитови.

Досега серијата собра повеќе од 52 милиони твитови, а најспоменувани ликови беа Арја Старк, Ноќниот Крал, Брен, Џон Сноу и Серси Ланистер.