Посилен земјотрес од вчерашните ја погоди Хрватска денеска – 6,3 по Рихтер


 

Тлото во Хрватска не престанува да се тресе.

Вознемирени граѓани на социјалните мрежи јавуваат за силен земјотрес што се почувствувал во повеќе населени места низ Хрватска, но има сведоштва дека се почувствувал и во Босна и Херцеговина, во Нови Сад – Србија, како и во Марибор – Словенија.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар ЕМСЦ, земјотресот е со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а се случил на 46 км североисточно од Загреб, или 9 километри западно од Сисак, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот се случи во 12.20 часот.

Вчера во Хрватска имаше три силни земјотреси од кои најсилниот беше во 6.28 часот утрото, со чацина од околу 5 степени според Рихтер, по кој следуваа два со јачина од 4.9 и 4,7 степени.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот се наоѓал во близина на Петриње.