Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во понеделник, по повод Христијанскиот празник Бадник ,на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по улицата „Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на улицата„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од МВР информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.